Home Спорт Стигна казната од УЕФА за ФФМ поради исвиркувањето на бугарската химна во Скопје

Стигна казната од УЕФА за ФФМ поради исвиркувањето на бугарската химна во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија ќе треба да плати 14.500 евра од кои 10.000 се за исвиркувањето на бугарската химна во Скопје во натпреварот од Лигата на Нации.

УЕФА изрече парични санкции за однесувањето на публиката за овој дуел. Останатите 4.500 се за фрлањето разни предмети на националната Арена „Тодор Проески“.

Покрај ова еден натпревар суспензиај доби десниот бек Тодор Тодороски за директниот црвен картон во истиот натпревар. За неспортскиот однос на бугарскиот тим УЕФА им додели само опомена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…