Стигна и извинување од Владата до Курц за грешката со знамињата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако направија евидентна и недозволива грешка при официјалниот пречек на австрискиот канцелар Себастијан Курц, од Владата на Република Македонија упатија јавно соопштение со извинување до австрискиот политички лидер.

„Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата  на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија. Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Лаетонија“, се вели во соопштението.