Advertisements
Спорт

Стигна доказот: Икарди заминува!

Мауро Икарди во летниот преоден рок би можел да го напушти Интер, пишува Спортски.мк.

После шест години очигледно дојде време да заврши љубовта помеѓу Икарди и Интер.

Дека Аргентинецот веројатно ќе го напушти клубот доволно зборува податокот дека Интер не го смести Икарди, поточно го отстрани од официјалниот постер за наредната сезона.

Промотивните постери за наредната сезона се без ликот на Икарди, а место него тука е ликот на Данило Д’Aмбросио.

Исто така Икарди не се најде ниту за промотивниот постер за натпреварот против Јувентус кој се игра на Интернационалниот куп на шампиони ова лето и сето ова јасно покажува дека Икарди многу веројатно си заминува.

Оваа сезона Аргентинецот постигна 17 голови на 36 натпревари. Меѓутоа поголемиот број ги постигна во првиот дел од сезоната, а во вториот дел од сезоната ја загуби добрата форма откако во февруари му беше одземена капитенската лента и два месеци не тренираше со тимот.

После враќањето во тимот постигна само два гола и тоа двата ги постигна од пенал што е секако лош учинок за човек кој треба да биде прв напаѓач.
Навивачите повеќе не го сакаат му испраќаа и свирежи од трибините.

Вкупно за Интер Икарди одигра 218 натпревари и постигна 124 гола.

Извор: Спортски.мк

Advertisements
To Top