Стигна демант од агентот: Нема договор меѓу Сергеј и Манчестер Јунајтед


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Агентот на Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Матија Кежман ги демантираше информациите дека Манчестер Јунајтед и Лацио постигнале договор за трансфер на Србинот на „Олд Трафорд“.

Утрово како „бомба“ одекна веста на „Сан“ дека трансферот е договорен и дека ќе изнесува 80 милиони фунти (види ОВДЕ).

„Пред Лацио престојат три големи и многу важни меча и никој до сега не зборувал за преговори. Тимот има можност да постигне нешто исклучително и да се пласира во ЛШ“, изјави Кежман.

„Нормално е да има интерес за Сергеј од големите европски клубови, но до сега не сме постигнале договор со ниту еден клуб“, додаде Кежман.