Стевчо Јакимовски обвинет за финансиски криминал и злоупотреба на службена положба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Против бившиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски е поднесено обвинение во кое се опфатени уште 10 други луѓе, од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал.

Според Обвинителството првообвинетиот во својство на градоначалник сторил повеќе кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и едно кривично дело „бесправно градење“. Дел од останатите се обвинети за злоупотреба на службената положба, некои за несовесно работење, или за бесправно градење.

Првообвинетиот, во периодот од 2011-2017 година, како службено лице – градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Македонија. Во соопштението од Обвинителството се наведува дека првоосомничениот со злоупотребите на својата положба го оштетил буџетот на Општината.