Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Семејството Петковски од Тафталиџе вчера поднесе кривична пријава против градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски и против уште петмина вработени во Општината, Томе Ѓурчилов, Благица Блажевска, Олга Цубалеска Јаневска, Ристо Здравев и Данче Поповска, за злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа. Кривичната пријава е за случајот со гаражата на улица Букурешка, сопственост на семејството Петковски, која Општината најави дека ќе ја урне за да направи пристап до парцела каде што како сопственик се појавува поранешниот министер за образование Спиро Ристовски.
Семејството Петковски, сопственици на куќата и на земјиштето под куќата и под гаражата, поднеле барање за легализација на гаражата изградена 1964/65 година, уште во 2011 година. Барањето им е одбиено годинава и истиот ден Општината повела постапка за експропријација, со цел да се направи поширок пристап за соседите. Семејството ја обжалило одлуката да се одбие барањето за легализација, но Министерстовото за транспорт и врски ја отфрлило нивната жалба. Во меѓувреме е сопрена постапката за експропријација, оти на првиот состанок семејството покажало дека имаат поднесено барање за легализација но Општината и покрај тоа најавува уривање на гаражата. Општинарите не ги поколебала и постапката која семејството ја покренало пред Управниот суд која се уште е во тек.
Вечерва кај гаражата на улица Букурешка се собраа соседите од Тафталиџе, но и многу истомисленици од различни страни на градот. Со оставање отпечатоци од дланка тие симболично ја гушнаа гаражата што им пречи на општинарите, а на градоначалникот му оставија порака „Мојата гаража Стевчо не ја давам, дај ја ти твојата“.
„И покрај тоа што имаме поведено спор пред Управниот суд, градоначалникот сака насилно и криминогено да ни ја урне гаражата и да ни го одземе имотот. Нашата гаража е само еден пример за дивеењето на градоначалникот и на советниците од Карпош кои во поседниов период, пред најавените избори, забрзано издаваат градежни дозволи со кои на жителите им навлегуваат во приватноста“, рече Мартин Петковски, сопственик на куќата и на гаражата.
Општина Карпош го игнорираше и вечерашниот протест во Тафталиџе. На прашањето дали постои можност да ја сменат одлуката и да ги послушаат барањата на жителите од Карпош, одговорија дека објектот се води како дивоградба која мора да се урне за да се направи пристап до соседната парцела, оти сопствениите имаат право на пристап до сопствениот дом.
Семејството Петковски на Уставен суд го обжали и планот кој предвидува одземање на дел од нивниот имот за пристапен пат до парцелата зад нив.