Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стрелинг игра фантастично во дресот на Манчестер Сити и стана еден од главните играчи на англискиот шампион.
Во претходните две сезони Стерлинг постигна дури 36 голови и запиша 21 асистенција, а е незаменлив и во англиската репрезентација.
Англичанецот има договор со Манчестер Сити до 2023 година, а медиумите шпекулираат дека „граѓаните“ сакаат да му понудат нов договор со кој би станал еден од најплатените играчи на светот.
Оваа одлука на Сити не е неочекувана, бидејќи медиумите откриваат дека ова лето Стерлинг можел да го напушти клубот и бил во напредни преговори со Реал Мадрид.
Меѓутоа, Стерлинг моментално е среќен во Сити, но не ја отфрла можноста во иднина да заигра за „кралскиот“ клуб. Поради тоа „граѓаните“ се брзаат да му понудат богат договор и да го „блиндираат“ играчот долгорочно.