Стерлинг го понижуваше Јунајтед, па доби „воспитна“ од Гвардиола (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рахим Стерлинг успеа малку да го расипе впечатокот на големата победа на Манчестер Сити над градскиот ривал, што го налути тренерот Гвардиола.

При самиот крај Стерлинг со бесцелни додавања и со кружење со ногата преку топката успеа да ги испровоцира играчите на Јунајтед, особено Мата кој му упати неколку непријатни зборови.

После тоа следуваше и лекција на Гвардиола, кој му кажа дека не смее да го понижува противникот и треба да биде голем во победата.

„Таквите движења со ногата, тоа е непотребно и не треба да се повтори. Но тој е млад дечко и ќе научи“, изјави Гвардиола.

https://twitter.com/R1Finesse/status/1061691132755746817