Стерјовски во интервју за Мкд.мк: Фрчат бугарски пасоши во Албанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, кој беше и единствениот пратеник Македонец во албанскиот парламент, во интервју за Мкд.мк предупредува дека официјална Софија ги засилува обидите да мапира „бугарски етнички територии“ во Албанија, сега особено преку издавање на бугарски пасоши што прерасна во скандал за кој се заинтересира и албанското обвинителство.

Тој во интервјуто говори за тоа како Софија издејствува „бугарско малцинство“ да влезе во Законот за заштита на малцинствата иако во албанските регистри не постои ниту еден Бугарин. Стерјовски објаснува и како, креирањето „Бугари“ претставува закана за самите општини со чисто албанско население како и закана генерално за територијалната организираност на албанската држава.