„Стенфорд Бриџ“ на нозе: Конте потпиша нов договор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според тврдењето на италијанските и англиските медиуми менаџерот на Челзи, Антонио Конте потпишал нов договор со тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Екипата која ја предводи италијанскиот стратег е на првото место на табелата во Премиер лигата, а со оглед на фактот колку добро играат „сините“ тешко дека некој ќе може да ги запре на патот кон титулата.

Антонио Конте има договор до 2019 година со Челзи, но челниците на клубот се презадоволни од неговата работа и решија да го наградат со нов договор.

Доколку им се верува на медиумите на Островот, договорот е веќе потпишан и наскоро треба да стигне официјална потврда дека Конте ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ до 2020 година.

Конте за многу кратко време стана миленик и вистински идол на навивачите, па со сигурност оваа вест многу ќе ги израдува фановите на Челзи.