Сте чуле за делфини-наркомани? Да, и тоа го има во морињата! (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Австралиски научници утврдиле дека некои делфини намерно се набодуваат на отровни риби за да се опијанат. Микродозите на токсинот ги доведуваат морските цицачи до наркотично опијанување кое тие сосема свесно го бараат.

До тие сознанија дошла д-р Криста Николсон од универзитетот Мурдок. Научниците подробно го изучуваат животот на морските цицачи и ја следат нивната популација на западното крајбрежје на Австралија. Неколку пати специјалистите успеале да забележат млади делфини кои во текот на неколку часа си „играле“ со отровни риби.

Последниот таков случај бил забележан на 24 јануари. Тогаш еден од делфините, наречен Хабстер неколку пати фрлал таква риба над водата со цел да биде прободен. Сличен такви примери биле забележани и во 1995 година од Лиза Штајнер, која ги изучувала делфините крај бреговите на Португалија.