Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на финансова полиција, директорот Арафат Муареми, потврди дека поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, минатата недела бил повикан на информативен разговор во Управата за финансиска полиција. Тој не обелодени во врска со кој предмет е повикан Ставрески.
„Зоран Ставрески беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде“ – изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.
Ставрески беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство.