Ставре Јада го коментираше неговиот прв настап на Олимпијадата во Пекинг


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонскиот олимпиец Ставре Јада вчера оствари скромен пласман на квалификациите од спринтот на 1,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг завршувајќи ја трката на 86-то место од 88 натпреварувачи.

Во изјава за „Фокус“, тој не го криеше разочарувањето, со надеж дека во наредниот настап ќе оствари подобар резултат.

„Разочаран сум затоа што добро почнав, но немав сили да издржам, иако беше кратка дистанцата. Слаба трка за мене, со оглед на тоа дека во декември заостанав на Светски куп 24 секунди, а денеска заостанав 44 секунди и не сум задоволен од самиот себе. Во вториот настап ме чека тешка трка на 19-ти февруари од 50 километри. Веќе почнавме со мојот тренер да анализираме и мислам дека ќе успеам да се влечам во група со најдобрите“, изјавил Јада за „Фокус“.