Ставен крај на заложничката драма во либискиот авион во Малта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заврши заложничката драма во Малта со киднапираниот либиски авион. Киднаперите по неколку часа им се предале на властите во Малта откако претходно ги ослободиле 118 патниците и екипажот. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат изјави дека двајцата киднапери се приведени.

Киднаперите за кои се верува дека се приврзаници на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, се закануваа дека со рачни гранати ќе го разнесат авионот, доколку нивните барања не се исполнат. Властите се уште не соопштија кои биле барањата на киднаперите.

Либискиот авион од типот Ербас превезувал 118 патници на рута од Себа до Триполи. Сите летови од и кон Малта се откажани.