Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ние сме основата на која се гради се останато, па ако структурата е хаотична, неопходен е лошиот епилог.
Писател, сопруг и татко, Мајк Бери на својот блог откри зошто својата сопруга ја сака повеќе од своите деца.
Некои луѓе го критикуваа, а некои пак, го поддржаа.
Ова е неговото објаснување:
Нашата силна врска е основа на семејството
Темелите на семејството не се децата, туку јас и мојата сопруга. Ние сме основата на која се гради сето останато, па доколку структурата ни е хаотична, неопходно е се да се распадне.
На вашите плеќи лежи одговорност, а децата ќе го изберат својот пат, следејќи го вашиот пример.
Најпрво бевме ние двајца, а потоа дојдоа децата
Пред да се појават децата, ние бевме сами. Бевме заљубени и одвај чекавме секој момент да го минеме заедно, да го поделиме секое искуство, и затоа одлучивме да го минеме целиот живот заедно.
Тоа беше почеток на нашето патување, а потоа се појавија нашите убави деца. Се разбира, благодарни сме што ги имаме, но нашата заедница е света.
Децата ќе пораснат и ние повторно ќе бидеме сами
Децата ќе одлетаат од гнездото, ќе имаат свое семејство и ќе ги воспитуваат своите деца.
Па, тогаш повторно ќе останеме само јас и сопругата и затоа сакам нашата врска да ја оддржам силна како и на почетокот. За и тогаш да бидеме среќни мораме постојано да работиме на нашата врска и таа да ни биде приоритет, а тоа понекогаш не е толку едноставно како што изгледа.
Мораме да бидеме убав пример за нашите деца
За моите деца да израснат во здрави индивидуи со вистински животни ставови, мораат да имаат пример кога љубовта и бракот се во прашање.
Сакам мојата хармонична врска со сопругата да им биде пример, па затоа сопругата ми е на прво место, а децата на второ. Кога децата ќе видат колку нивните родители се сакаат, стекнуваат чувство дека и тие се сакани и се чувствуваат безбедни.