Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сепцијалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи денес излезе со свој став како дел од обвинителскиот тим на СЈО, после апсењето и одредувањето мерка притвор на нивната шефица Катица Јанева за случајот „Рекет“.
„Она што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара, дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во нашата држава и дека едноставно никој не е недопирлив. Меѓутоа од друга страна, индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување да се заборави целокупниот криминал што беше направен во нашата држава во последниот период и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продожуваме со она што е наша работа – застапување на предметите во судница“, изјави Фетаи пред денешното ново рочиште за предметот „Монструм“.
Вчера по налог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција беше приведена и притворена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за злоупотребила службената положба и овластувањата со што се стекнала со лична користа.
По притоврањето на Јанева во јавноста се отвори прашањето што ќе се случи со СЈО и кој ќе ја наследи на местото специјален јавен обвинител.