СТАВ: Еве колку многу ни зема ДРЖАВАТА од НАШИТЕ ПАРИ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На новава цена од 65 денари литар нафта, највисоката производна цена одредена од Регулаторна е 35,934 денари (а пазарната цена е сигурно и под 30 денари). Тоа значи дека Државата со Закон на секое кило ни зема над 30 денари.

– ни зема т.н. надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот.

– ни зема т.н. надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот.

– ни зема т.н. надомест/акцизите кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот.

– ни зема т.н. ДДВ или општ потрошувачки данок кој не влијае на трошоците на производство и дистрибуција, но се собир во конечната цена која се наплаќа од потрошувачот.

Ова се вика легален грабеж.

Во 19 век на само 10% рамен данок во Отоманската империја, за која учиме дека била РОПСТВО, се појавува можеби најрешителната и најбескомпромисната политичка и револуционерна организација.


Во 21 век живееме :
– во држава која ти зема скоро 50% од заработката (персонален данок на доход, придонеси или задолжително надомест за здравствено, пензиско, синдикално и др. давчки),
-во држава која најавува дека уште 10% ќе ти зема ако заработиш над 1000 евра,
-во држава која на скоро секој купен производ и економска трансакција ти зема 18% измислен ДДВ,
-држава која ти зема дополнителни давачка за трасфер на производи и стока од едно на друго место или т.н. царина за производи што не ги произведуваме (ограничување на слободна трговија)
– држава која законски те обврзува секој долг задолжително и законски ти да го вратиш иако не си бил прашан и согласен ниту за висината на задолжувањето, ниту за каматните стапки
-држава која законски те обврзува да платиш јавен радиодифузен сервис
– држава која скоро секоја административна услуга ти ја наплаќа со мал милион такси, давачки, уплати и други форми на плаќања
– држава која ти зема дел од приходот преку акцизи или дополнителен данок на поединечни добра и услуги. Најчесто за насушно потребни добра и услуги: нафта, цигари и алкохол.
– држава која ти зема надомест и ако не дај боже добиеш Подарок, Добивка, Наследство или сл. со т.н. Данок на добивка
– држава која за скоро секоја дејност ти наплаќа лиценца

….и учиме дека живееме во СЛОБОДА, а во оваа држава на очигледна фискална репресија, ние немаме ни еден проклет економски либерал, а камо ли огранизиран општествен и идеолошки отпор против легалниот грабеж и патерналистичка агресија.

А за тоа како се трошеа 11 години париве од легална пљачка, не ми се ни пишува…..

На опасностите од таква држава со патерналистичката агресија и принуда нѐ предупреди уште Фредерик Бастиа (Frédéric Bastiat) во Законот (The Law 1850) кога присилното оданочување го нарече легален грабеж и предупреди дека кога легалниот грабеж ќе стане начин на живот за одредена група луѓе, тие во името на своите лукративни цели ќе создадат таков правен систем во кои грабежот не само што се овластува, туку му се придава и морален контекст кој го глорификува.

Оттука, дожноста на секој доследен слободољубец е да го разорува моралниот контекст кои бандитите го измислуваат за можат пљачката да ја прогласат за Крстоносна војна.

Пишува: Бошко Караџа