„Статус кво“ на партиските преговори за законот за јавно обвинителство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Партиските преговори за законот за јавно обвинителство се на мртва точка и нема никакво напредок и придвижување во усогласувањето на ставовите на работните групи.

„Разговаравме за прашањата отворени од самиот почеток, меѓу кои и за статусот на предметите кои ги води СЈО. Клучните непремостливи разлики се оденсуваат токму на ова прашање. Желбата на другата страна е овие предмети да не завршат ефикасно. Нашите црвени линии се дека правдата мора да дојде, без разлика кој ќе ги заврши“, истакна Рената Дескоска.

Таа потсети на предлогот на Владата, статусот на СЈО да се реши преку негово фузионирање со Обвинителство за организиран криминал. Министерката нагласи дека нема согласнсот околу предметите кои ги води СЈО.

„Нашиот предлог е тие предмети да бидат трансферирани и да продолжат од точката до која се стасани во СЈО, да нема одолговлекување и застој во постапките. Забелешките кои ги има ВМРО-ДПМНЕ порачавме да ги преточи во амндмани. Законот утре влегува во собраниска процедура, амандманите треба да бидат поднесени до четврток. Се надевам дека утре сите политички партии ќе смогнат сили да водат сметка за иднината на нашата држава на патот на евроинтеграциите и дека ќе се донесе овој закон“ – истакна министерката за правда.