Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога станува збор за славниот рапер Дрејк, еден од непобитните факти на страна од неговата музичка кариера е оној дека музичарот е пасиониран обожавател на скапи и луксузни автомобилски модели. Но, со последниот Rolls Royce кој си го порача Дрејк се надмина себеси, а уште еднаш се покажа дека многу луксузни брендови се спремни за многу, многу пари да се откажат и од нивните основни препознатливи симболи.
И покрај зголемената конкуренција, Rolls Royce и натаму е синоним за богатство. Удобноста во возењето, елеганцијата и луксузот отсекогаш биле привлечни, особено ако потекнуваат од најпознатиот бренд за луксузни автомобили.
Но, некои луѓе мислат дека Rolls Royce може да се менува, така што потребата за индивидуализација е честа пракса на тјунерите. Меѓу нив е и Mansory, кој не се срами од кршење на табуата. Тој е исто така многу талентиран за она што многумина би го нарекле крајна одвратност.
Сепак, раперот Дрејк се определи за Rolls Royce Phantom VIII во едицијата Mansory, кој го носи името Bushukan по специфичната боја на тропско овошје. И со двобојната надворешноста и многу луксуз, предницата има нов украс.
View this post on Instagram
Прекрасниот симбол на Rolls Royce беше заменет со статуа на був направена од чисто злато. Секако, статуата има дијаманти околу очите, што се импресивни по големина. И основата на статуата е направена од злато со врежано име на раперот украсено со дијаманти. Се претпоставува дека оваа статуа е дури и поскапа од самиот автомобил.
View this post on Instagram
Редно е да се каже и дека лимузината е поставена на тркала од 24 инчи и под капакот е стандарден 6,75 V12 мотор , сега засилен на околу 610 КС.
Раперот Дрејк има продадено над 170 милиони албуми во својата кариера, така што може да си дозволите луксуз од таков вид.