Статистиката покажа: Миленикот на Гвардиола е убедливо најлош во Премиер лигата!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пеп Гвардиола минатото лето кога пристигна на „Етихад“ направи неколку промени, а клучната промена на која најмногу инсистираше е промена на голманот.

Гвардиола буквално го избрка од клубот Џо Харт и на негово место за 25 милиони евра го донесе Клаудио Браво од Барселона, а статистиката вели дека Чилеанецот е убедливо најлош во Премиер лигата.

Браво нема ниту една одбрана на последните два натпревари. Манчестер Сити загуби со 4-0 на гостувањето кај Евертон, а потоа дома одигра 2-2 против Тотенхем. Чилеанецот прими шест гола од шест шута кои беа упатени во рамките од неговиот гол.

Браво има примено 16 голови од последните 24 шута кон неговиот гол во Премиерлигата. Статистиката вели дека тоа е убедливо најлошиот учинок во лигата.

Станува збор за шутеви кои одат директно во рамките од голот и кои голманот може да ги одбрани.