Статистиката не лаже: Реал без Роналдо е друг тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо минатото лето после три европски титули со Реал Мадрид, го изненади фудбалскиот свет и одлучи да го промени дресот, па се пресели во Јувентус.

Колку значи заминувањето на Роналдо од Реал Мадрид најдобро покажува статистиката од оваа сезона во која „кралевите“ беа значително помалку ефикасни од минатата.

Во минатата сезона Роналдо во дресот на Реал Мадрид постигна 26 погодоци и запиша 5 асистенции што значи дека бил вклучен во вкупно 31 погодок за својот тим во Ла Лига, а тимот на Реал вкупно постигна 94 погодоци.

Оваа сезона „кралевите“ имаат постигнато 63 погодоци, односно 31 гол помалку од она што просечно го постигнуваше Роналдо за време на една сезона. Тоа е само една во низата на статистики која докажува дека Португалецот без сомнение многу им фали во тимот.

Реал заврши на третото место со 68 бодови што е најмал број на бодови кои ги имале во изминатите 18 години. Барса имаше 19 бодови повеќе што е најмногу во историјата што се однесува за предноста во бодови од страна на каталонскиот клуб.

„Кралевите“ оваа сезона сменија три тренери, изгубија 18 натпревари и ја одиграа најлошата сезона во последните 25 години, беа елиминирани во осминафиналето во Лигата на Шампионите и постигнаа помалку од 70 погодоци.