Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако звужи неверојатно, статистиката не лаже. Кристиано Роналдо ја игра најлошата сезона во кариерата и до сега во Примера има постигнато само еден гол.
Кога тоа ќе се преведе во статистичка категорија, тој е најлошиот напаѓач во Топ 5 европски шампионати. Се земаат во предвид оние фудбалери кои 10 пати и повеќе шутирале кон голот. Имено, со 48 шутеви и еден гол, Роналдо има процент на успешност 2.08.
Попрецизно, тоа го чини 713-ти напаѓач во петте најсилни европски лиги (Примера, Премиер лига, Бундеслига, Серија А и Лига 1).
Пред две сезони Роналдо лошо ја започна сезоната, не даде гол на шест од седумте први натпревари, но потоа го демолираше Еспањол и го поправи својот процент. Пред три години, тој имаше 11 голови на стартот од сезоната.
Кога ќе се земат предвид останатите играчи, најмногу шутеви кон противничкиот гол упатил Меси, дури 69, а постигнал 11 голови. Хари Кејн од 58 шутеви има 8 гола, Дибала со два шута помалку има 11. По нив следуваат Инсиње, Џеко, Имобиле…
Најефикасен играч во Европа кога ќе се погледне бројот на шутеви и постигнатите голови е Радамел Фалкао. Имено, секој втор шут на „Тигарот“ завршува во мрежата на противникот, од 26 обиди дал 13 гола!
Зад него е Леки од Херта, Анхел од Гетафе, но тие шутнале по 10 пати и дале четири гола, колку и Марсијал од Јунајтед. Одлично му оди и на Заза кој од 27 шутеви има 9 гола. Секој трет удар на Депај, Габриел Жезус и Единсон Кавани завршува во голот.