Статистичките резултати покажуваат дека скоро 90 отсто од биткоините се „изрударени“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Најголемата, најмоќна, најпозната и најстара криптовалута во светот, има ограничена понуда од 21 милион монети, од кои речиси 90 проценти се веќе ископани. Аналитичарите веќе размислуваат каква ќе биде судбината на криптоекономијата откако нема веќе да се издадат нови монети, пренесува порталот Пари.

За разлика од другите форми на пари, кои можат да се печатат по волја на централните банки, биткоинот има технички ограничена понуда, со 21 милиони монети. Ова значи дека ќе има вкупно само 21 милион биткоини. До август 2021 година, околу 18,7 милиони биткоини беа достапни, а само 2,3 милиони останаа за „рударење“, покажуваат податоците на Инвестопедија.

Ограничувањето на понудата ја прави најстарата криптовалута во светот ограничена роба и ја контролира инфлацијата што инаку може да излезе од контрола од неограничено снабдување со монети.

Аналитичарите велат дека економијата на биткоин мора да се промени за мрежата да остане во функција. Многумина предвидуваат дека криптовалутниот екосистем може да претрпи процес на трансформација, исто како и неговиот идентитет. Првично беше воведен како средство за размена на дневни трансакции, но подоцна најде поголема популарност како средство за инвестирање.

Аналитичарите, исто така, велат дека оние што копаат биткоини би можеле да се здружат во картели, слично на оние што контролираат други стоки, како што е Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), која го контролира пазарот на нафта.

Друга можност презентирана од аналитичарите е дека биткоинот може да стане резервно средство, што би го намалило бројот на трансакции на крипто мрежата бидејќи трговците на мало и малите трговски компании би биле заменети со големи институционални и трговски играчи.

Тие би воделе помал број поголеми трансакции, што би се продолжило времето за пронаоѓање на последниот биткоин.

Конечно, протоколот кој се однесува на криптовалутите може да се промени за да се прошири производството откако ќе достигне граница од 21 милион. Сепак, тоа ќе ја намали вредноста на веќе пронајдените биткоини, што сопствениците на монети најверојатно нема да гонприфатат.

Во моментов, сепак, недостатокот на биткоин и зголемените цени привлекуваат шпекулативни инвеститори, чии постапки доведоа до промени во вредноста што ги обесхрабруваат сериозните инвеститори од криптовалутите.

Цената на биткоинот оваа година падна од највисоката вредност од 60.000 долари во февруари на половина од таа сума во текот на летото, за да се врати на 55.000 долари оваа недела.

Сепак, некои земји како Ел Салвадор и Куба гледаат потенцијал во валутата и преземаат чекори да го направат легално средство за плаќање.