Home Спорт Стартува проектот од 2014: Домот на Реал Мадрид добива нов изглед, вложени ќе бидат 400 милиони евра (Фото+Видео)

Стартува проектот од 2014: Домот на Реал Мадрид добива нов изглед, вложени ќе бидат 400 милиони евра (Фото+Видео)

Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ во иднина ќе добие нов изглед.

Проектот за реновирање на легендарниот „Бернабеу“ е претставен уште во 2014 година, а ова лето ќе започне со реализација.

„Работата е навистина комплицирана. Добивме работна дозвола и сега имаме проект на работа кој претставува голем предизвик“, изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Новиот изглед на „Бернабеу“ би требало да го добиеме во 2022 година. Планирана е целосна промена и ќе биде повисок за 12 метри од сегашниот.

Исто така, стадионот ќе поседува луксузен хотел со парк на површина од 12.000 квадратни метри.

Градот Мадрид му даде „зелено светло“, а во целиот проект се очекува да бидат вложени околу 400 милиони евра.

Во продолжение погледнете како изгледа проектот планиран во 2014 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…