Старт на исплатата на субвенциите за лозарите и овоштарите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На почетокот на неделава ќе бидат исплатени субвенциите за овоштарите и лозарите, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Изготвени се решенијата за исплата на 544 овоштари во висина од 28 милиони денари, пари што производителите ќе ги добијат на почетокот неделава“, соопшти МЗШВ.

Освен за овоштарство, изготвени се и решенијата за исплата на субвенции за лозарство и за штетите од невремето во општина Гази Баба. Исплатата и на овие субвенции ќе биде на почетокот на следната недела.

Што се однесува за исплатата на обесштетувањето за ланските пролетни мразови во Преспанскиот Регион, Министерството подготви информација која ќе се разгледува на една од следните владини седници.