Старски дом најми голи батлери – бабичките откачија на тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопствениците на еден приватен старски дом во Велика Британија одлучија да ги развеселат своите станарки, па им приредија весела вечера за време на која беа послужувани од голи батлери.

За Mirror тие откриваат дека на ваков потег биле поттикнати од желбата на нивната 89-годишна станарка Џоан Корп.

„Кога ќе ја прашавме што сака, ни одговараше: мажи. Затоа ни најмалку не бевме изненадени кога посака вакво нешто. Разговаравме со останатите станарки и сите ја поддржаа. Батлерите ги најдовме преку интернет и им објаснивме како треба да се однесуваат. За малку непретенциозно флертување не е важно колку години имаш“, вели Клер Мартин, координаторка за активности во домот.

На вечерата имало 23 луѓе, од кои 11 биле станарки од домот, а старите дами ги поканиле и своите ќерки и внуки.

Разголените батлери на себе имале само престилки и машни околу вратот, а на гостинките им служеле вечера од три дела. На крајот, им пружија и опуштачка масажа.

Најстарата станарка на домто, 99-годишната Дол Џенкинс, толку се воодушевила од голите батлери, што ги поканила повторно да се вратат следната година, на прославата за нејзиниот 100-ти роденден.

„Дамите беа многу возбудени. Се средија за оваа пригода и постојано се кикотеа. Кога ги прашаа дали сакаат масажа, сите го прифатија предлогот“, додава Клер.