Старо Скопје пред и за време на поплавата и земјотресот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Документарец за старо Скопје, за животот на луѓето пред поплавата и земјотресот во 1963 година, по повод 13 ноември – Денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор во 1945 година.

На 13 ноември пред 74 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.