Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Култниот англискиот рок бенд The Who најави издавање на нов студиски албум во оваа 2019 година и нова концертна турнеја низ Северна Америка.
Засега неименуваниот нов музички албум ќе биде налседник на 11. студиско издание на бендот „Endless Wire“ кое беше издадено во 2006 година.
73-годишниот гитарист на бендот, Пит Тауншенд, изјави дека фановите може да очекуваат мрачни балади, тешки рок работи, експериментална електроника и типични Who песни кои почнуваат со гитара која дава јанг-данк звук.
Тауншенд и вокалот Роџер Далтри (74) се единствени членови на групата кои останаа од нејзиното основање. Тапанарот Кит Мур почина во 1978 година, а заменскиот тапанар Кени Џонс го напушти бендот во 1988 година. Басистот Џон Ентвисл почина во 2002 година.
Нивниот сегашен состав го вклучува Зак Старки, син на тапанарот на „Битлси“ Ринго Стар, како и Сајмон Тауншенд, помладиот брат на Пит.