„Стариот“ Роналдо заврши во болница

ronaldo

Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Легендарниот Бразилецот кој го носеше дресот на Барселона, Реал, Интер и Милан завршил во болница пренесуваат светските медиуми.

Како што се пренесува бразилскиот фудбалер во болница се наоѓа уште од петокот.

Овој поранешен напаѓач кој своевремено беше кошмар за сите противнички одбрани следниот месец ќе наполни 42 години.

Роналдо веќе некое време има проблеми со прекумерната тежина, а поради тоа сега добил и воспаление на белите дробови (пневмонија), па морал да биде пренесен во болница.

Во овој момент тој се наоѓа во болница на Ибица. Иначе, Роналдо има и своја куќа на овој остров.