Старее со стил: Шерон Стоун „гази“ во бикини и на 59 години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако има 59 години, за разлика од повеќето други холивудски ѕвезди, Шерон Стоун одлучи да старее на најприроден и најдостоинствен начин, без деформации на својот физички изглед со естетски операции и корекции.

Својот денешен изглед го припишува на редовното вежбање и здравата исхрана, а откако пред две години се раслече за Harper’s Bazaar, многу жени беа љубоморни на нејзиниот изглед во 6-та деценија од животот, но истовремено беа и инспирирани од неа.

Сепак, таа изгледа далеку од совршено, за разлика од фотографиите во списанијата на кои е прикажана како таква и на 50 и кусур години. Годините си носат и физички мани, нормално, и нема ништо лошо во тоа.

Но, нејзиниот изглед, сепак, е одличен кога ќе се земат во предвид нејзиното животно доба. Доказ за тоа се и фотографиите од плажа, на кои Стоун се гледа како без проблем си ужива во костим за капење, не криејќи ниту една несовршеност на своето тело.