Актуелно

Старец загина во тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар

Старец загина во тешка сообраќајна незгода што се случи вчера околу 14 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на патот за селата Колибари и Длапкин Дол.

Од повредите во гостиварската болница починал седумдесет и шестгодишниот Шеза Ј. од селото Колибри, кој претходно во тешка здравствена состојба од местото на несреќата, со возило на Брза помош, бил префрлен во Општата болница во Кичево.

Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот, управувајќи патничко моторно возило Мерцедес со кичевски регистарски ознаки, сакал од локалниот пат од селото Колибари да се вклучи на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Притоа, во левата бочна страна од неговото возило Мерцедес удрил патнички автомобил Ауди со кичевски регистарски таблици кое по магистралниот пат се движело кон Кичево. Во ова возило, управувано од К.А. (22), сопатници биле Н.А.(45) и А.А.(43), сите од кичевското село Премка. Тројцата биле пренесени во Општата болница во Кичево каде им биле констатирани лесни телесни повреди.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. Притоа, полициски службеник вршеше наизменично регулирање на сообраќајот и немаше застој во одвивањето на сообраќајот.

Според насоките на јавниот обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција и дополнително вештачење врз возилата.

Advertisements
To Top