Стара барака се запали во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стара барака се запали во близина на Рампа во центарот на Скопје. Во моментов на терен интервенира Бригадата за противпожарна заштита, а просторот го обезбедува полиција бидејќи околу бараките има повеќе згради.

Станува збор за стара, напуштена барака, во близина на градилиште. Во моментот гасат три пожарникарни возила, а пристигнуваат и нови.

Очевидци тврдат дека екипите навреме стигнале и за среќа пожарот не се проширил врз околните дуќани и нема повредени.

Сообраќајот во овој дел од градот е затворен, дозволено е поминувањето само на пешаци.