Стар скоро 4.000 години: Овој е најстариот виц на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најстариот запишан виц во историјата на човештвото датира од 1900 година пред нашата ера, а го запишале Сумерите кои живееле на областа од денешен северен Ирак.

„Што никогаш не се случило од настанокот на светот? Млада жена никогаш не прднала во скутот на својот маж“, гласи најстариот познат запишан виц.

Десетте најстари вицови на светот ги објави Универзитетот од Вулверхемптон, Велика Британија. Меѓу нив се најде и оној за египетскиот фараон од 1600 година пред наша ера: „Како да забавуваш фараон кому му е досадно? Наполни брод со млади жени облечени само во рибарски мрежи, пушти го да плови по Нил и викни го фараонот на риболов“.

Низ годините и вековите вицовите се појавувале во форма на прашање и одговор, пословици и загатки.

„Човек би сакал да се пари повеќе и од магарињата – неговиот паричник не му го дозволува тоа“, стори запишано со хиероглифи на едно место во Египет.

Старите Римјани, пак, сакале да ги исмеваат моќниците, а најстариот римски виц датира од 1 век од новата ера, зборува за царот Август кој го обиколувал своето царство, па сретнал еден човек кој многу личел на него. Љубопитен, го прашал човекот: „Дали твојата мајка некогаш служела на царскиот двор? Не, ваша висост“, му одговорил човекот, „но мојот татко има служено таму“.

Најстарата британска шега датира од 10 век: „Што виси од бедрата на мажот и цели кон влегување во дупката во која влегувало и порано? Одговорот е – клуч.“