Стани Курт, да го видиш ова чудо: Бебето стигна да ги тужи Нирвана за злоупотреба, а се има тетовирано „Nevermind“ на градите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Живите членови на Нирвана и луѓето кои правно ја водат оставштината на бендот се тужени од Спенсер Елден, голото бебе во водата од омотот на вториот албум на групата, чиј првичен тираж беше 250.000 копии, но почна да се продава по 400.000 копии неделно.

Иако за цел нормален свет (а ние сме доволно оптимисти, иако не наивни, да веруваме дека уште има нормален свет), тоа е слика од бебе која нема никаква сексуална конотација, Елден кој сега има 30 години а тогаш бил сликан на 4 месечна возраст, денес вели дека групата го прекршила американскиот федерален закон за детска порнографија и наведува дека се работи за сексуална злоупотреба на дете.

Инаку, Елден со гордост има истетовирано „Nevermind“ на своите гради и неколкупати за медиуми ја има повторено таа сцена како возрасен, ама пред неколку години сфатил дека е тоа извор на неговите несреќи и дека е неубаво што негова слика била искористена за тој омот, а за која пари има земено само татко му (200 долари).

Во тужбата се наведени и фотографот Кирк Ведел и дискографската куќа на Дејвид Гефен, како учесници во нешто што му донело „доживотни последици.“

Вака е тоа склепано во тужбата:

„Перманентната штета која му е предизвикана вклучува но но се сведува само на екстремно и постојано емотивно вознемирување, пречки во нормалниот развој и образовен прогрес, доживотен губиток на капацитет за заработка, губиток на минати и идни заработки, како и минати и идни трошоци за медицински и психолошки третмани, губење на раодта на живеењето и други загуби кои ќе бидат опишани во текот на судската парница“.