Home Актуелно Стандард временска прогноза – претпладне сончево, попладне со дожд

Стандард временска прогноза – претпладне сончево, попладне со дожд

И денеска, понеделник, 5. јуни, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град и дневна температура од 27 Целзиусови степени. Маврово 19, Охрид и Крива Паланка 23, Битола 24, Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…