Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот брачен пар Ричард Ајвазјан и Мариета Терабелијан се соочуваат со затвор поради нивната улога во масовна шема на измама поврзана со пандемијата на коронавирус.
Тие ги извадиле своите електронски нараквици за следење и побегнале од својот дом во Калифорнија, оставајќи ги трите деца на тинејџерска возраст.
Тие оставиле писмени пораки за децата од 13, 15 и 16 години, пишува CNN.
„Еден ден повторно ќе бидеме заедно. Ова не е збогум, туку кратка пауза“, пишувало. Тоа се случило на крајот на август. Речиси три месеци подоцна, парот сè уште не е пронајден. ФБИ ги бара. Тоа не го спречило судијата да ги осуди Ајвазјан (43) и Терабелиан (37) во отсуство на 17 и шест години затвор.
Обвинителите рекле дека тие спровеле план да украдат повеќе од 20 милиони американски долари помош наменета за малите бизниси за време на пандемијата.
„Обвинетите ја искористија кризата со корона за да украдат милиони долари неопходна државна помош наменета за луѓето и компаниите кои страдаат од економските последици од најлошата пандемија во овој век“, рече американскиот обвинител Трејси Л. Вилкисон. Друг федерален обвинител рече дека нивниот случај е прв од ваков вид во земјата.
Двојката и братот на Ајвазјан, Артур Ајвазјан, се прогласени за виновни за заговор за извршување банкарска измама и перење пари. Ричард Ајвазјан и неговиот брат исто така се осудени за тешка кражба на идентитет.
Според судските документи и доказите презентирани на судењето, тие користеле лажни или украдени идентитети, вклучително и имиња на мртви луѓе и студенти на размена кои накратко ги посетиле САД пред неколку години, за да направат лажни тврдења за пандемијата со имиња на лажни компании во Сан Фернандо.
За да ги поддржат барањата за лажни заеми, тие поднеле лажни документи за идентификација заедно со фалсификувани даночни обрасци и евиденција за плати до заемодавачите и администрацијата за мали бизниси, соопштиле федералните обвинители.
Двојката, заедно со братот на Ајвазијан и уште петмина други, ги искористиле парите за купување луксузни вили во три града во Јужна Калифорнија.