Home Вебкафе Станал милионер со добивка на лотарија, ама решил да не им каже на домашните за богатството

Станал милионер со добивка на лотарија, ама решил да не им каже на домашните за богатството

Среќниот добитник на лотариска награда од 220 милиони јуани (околу 30 милиони долари)кој се претставил под псевдонимот Ли, открил дека немал намера да им каже на сопругата и детето за добивката.

Како што објаснил, решил да го направи ова за членовите на неговото семејство да не станат мрзеливи поради ненадејното богатство.

„Не ѝ кажав на мојата сопруга или дете за ова. Загрижен сум дека тие може да се чувствуваат супериорни во однос на другите луѓе и во иднина да не работат напорно или да учат напорно “, рече тој.

Ли ја прифатил наградата во костим со лик од цртан филм за никој да не го препознае и открил дека уплатил дури 40 лото ливчиња и сите со исти добитни седум броеви.

Иако звучи чудно, лотаријата морала да му плати на Ли 5,48 милиони јуани за секој добитен тикет, што на крајот му донело огромна добивка, пренесува Unilad.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…