Стан, пари, државјанство и лично обезбедување за Пендиков – „мајка Бугарија“ чести


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Охриѓанецот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид кој неодамна беше претепан во Охрид, а потоа лекуван во Софија, видно оздравен излезе од Воената болница и беше примен од претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова.

Пендиков сега ќе биде сместен во стан во главниот град на Бугарија кој ќе му го плаќа таа држава.

Ќе добива и дневници за да може да живее заедно со мајка му, најави техничкиот премиер Николај Милков.

Станот ќе му го плаќа МВР, дневниците МНР а во најбрз можен рок ќе му се доделело и бугарско државјанство.

Башка ќе се проценувало дали и какво обезбедување му треба.