Стан од 8 квадрати во Париз кој ни покажува каде грешиме во животот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Повеќето од нас, за жал, не спаѓаме во богатите кои можат да си дозволат расфрлање пари за гломазни и габаритни недвижнини и јахти, а на многумина од нас ни фали и по некој метар квадратен во становите или куќите, за да можеме раат да се досместиме со стварите кои ги поседуваме. Или барем така мислиме и имаме такво чувство.

Затоа, секој обид на луѓето максимално практично да го искористат секој слободен милиметар заслужува почит и восхит.

Токму таков е примерот кој ви го пренесуваме, а кој доаѓа од Париз. Станува збор за компактен стан за живеење од осум метри квадратни. Да добро прочитавте, осум метри квадратни. На прв поглед потсетува на кибритно кутивче, но е прекрасен и одлично уреден.

А не дека му фали нешто од простор – има и плакар кој се трансформира во спална соба, малку „магично“ функционални ѕидови кои во себе кријат скалила, фиоки и останати додатоци кои се потребни за едно домаќинство.

Буквално секој милиметар е искористен рационално за книги, облека, кревет, комода, трпезариска маса, чајна кујна со подвижна рингла, бојлер и бања кои се мудро сокриени зад незабележлива врата.

Ако се прашувате како изгледа да се живее како „потрошувачки аскет“, без желба и потреба од сите тие предмети и глупости кои ги имате, а ги плаќате огромни суми пари, ова е вистинскиот пример за вас.