Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Силвестер Сталоне прво ги воодушеви обожавателите со најавата дека се подготвува снимање на ново продолжение од серијалот филмови со Џон Рамбо, но импресиите и воодушевеноста набрзо спласнаа кога актерот ги сподели првите фотки од снимањето на новиот филм.
Судејќи според фотографиите кои ги сподели Сталоне, Рамбо очигледно станал каубој, бидејќи актерот на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира облечен во каубојска облека, со шешир на глава.
View this post on Instagram
„Вечерва почнуваме да снимаме“; кратко најави во описот на фотката. На друга фотографија која ја сподели Сталоне, тој јава на коњ облечен во кожен мантил. И додека некои фанови му пишуваа дека со нетрпение го очекуваат новиот филм, други беа разочарани од ваквиот развој на филмскиот акционен херој.
View this post on Instagram
„Рамбо каубој?!“, „Зарем Рамбо станал шериф?“, „Доли Партон би била горда“, „Ова не е Рамбо“, беа само дел од бројните критизерски коментари.
Некои му замеруваа и за краткатафризура која се гледа на фотографиите, бидејќи долгата коса стана еден од заштитните знаци на Рамбо.
„Те молам кажи ми дека имаш долга коса. Рамбо не може без тоа“, „Косата?“, „Рамбо мора да има долга коса“, беа дел од пораките и замерките упатени за овој детал.
Сталоне во мај потврди дека ќе се снима петто продолжение од франшизата за славниот воен ветеран Џон Рамбо, а филмот во кино салите се очекува на есен следната година.