Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според статистичките податоци со кои располага од научните истражувања, српскиот Институт за молекуларна генетика и генетски инжинеринг извести дека од јуни во оваа држава се детектирани 23 различни варијантни на омикрон, а лабораторски се изолирани новите БА.4 и БА.5 варијанти на коронавирусот.
Лошата вест, како што пренесуваат белградските медиуми е фактот дека тие два нови соеви се 20 пати позаразни од изворниот омикрон.
Тоа, според нив, навестува дека земјата е на почеток на силен удар на вирусот.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ предупредува дека поради зголемениот број патувања, годишните одмори, но и доаѓањето на граѓаните од дијаспората, болниците сигурно ќе се наполнат а ќе заболат сите оние кои се почувствителни. Тој нагласува дека три четвртини од заразените кои се хоспитализирани се постари од 70 години.
Иако од новите соеви има неспоредливо помалку хоспитализации и починати, тоа, според него, не значи дека не постои сериозна опасност за постарите и ризичните групи граѓани, како што се онколошки, кардиолошки или невролошки пациенти и сите останати со нарушен имунитет.
Епидемилогот апелира да се носат маски во затворени простории и да се држи дистанца и негова препорака е да се прими нова доза вакцина, ако од претходната се поминати пет месеци.
„Примањето вакцина спасува од респиратор, особено мислам на постарите лица“, вели Тиодоровиќ.
Тестирањата во Србија покажуваат дека бројот на заразени е од 5 000 лица дневно, но епидемиолозите проценуваат дека тој податок не е целосно веродостоен и дека бројот на позитивни граѓани на ковид-19 е пет до шест пати поголем.