Српски воен авион се сруши во близина на српско-босанската граница


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот воен авион од типот МИГ 21 се сруши во близина на границата со БиХ, пренесуваат српските медиуми.

Според Блиц, авионот паднал во селото Брасине во близина на Лозница. Очевидци наведуваат дека авионот прелетал над градот Гушево кон Зворник во низок лет од правецот на Цер и направил круг. После тоа се слушнала „страшен екот“, велат очевидците.

Српските медиуми пренесуваат дека при падот на авионот загинале еден од пилотите а по вториот кој се катапултирал сè уште се трага. Авионот МИГ -21 на српската армија бил стар 34 години.

Пожарникарите и полицијата наскоро пристигнале на местото на настанот и го обезбедиле местото на несреќата. Локалниот портал Зворник Данас објави фотографии од местото на несреќата.

Српското Министерство за одбрана потврди дека паднал МИГ 21. Според нив, авионот се срушил „при извршување на редовна задача на летот“ околу 9 часот наутро.

Босанско-херцеговинската телевизија ТВ Подриње објави видео на кое се гледа облак од чад од падот на српскиот воен авион.