Српски претеник го фатија како гледа порнографија на седница – по скандалот си поднесе оставка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот пратеник од редовите на Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ, поднесе оставка откако беше снимен како во собранието за време на седница гледа порно (снимка ТУКА).

Расправата за Косово во српското собрание беше одржана во четвртокот и петокот (3 и 4 февруари), а овој пратеник на мобилен телефон гледал порно филмови во присуство на своите колеги.

„Дадов оставка на местото пратеник пред половина час. Не можам сега повеќе да зборувам, јавете се за два часа“, кажал Стевиќ за Блиц.

Но, како што дознал Блиц, тој не ја поднел оставката самоиницијативно. Тоа од него го побарал шефот на партијата Ивица Дачиќ.

Дачиќ кажал дека многу поминал сите овие години, но дека сè уште не доживеал некој да гледа порно на собраниска седница.

„Ова е скандал и баш катастрофа. Звонко, реално е да поднесеш оставка. Не можеш повеќе да останеш пратеник бидејќи со ова и ти не можеш да се носиш. Второ, каде и да се појавиш, што и да кажеш, секогаш ќе бидеш порнопратеник“, кажал Дачиќ.

Тој го прашал од каде му дошла идејата во собранието да гледа порно.

„На сите им е непријатно и сите се чувствуваат бедно. Имаш во своите редови човек кој гледа порно додека тече расправа, и не која било, туку за целиот овој проблем околу Косово“, кажа еден од српските социјалисти за Блиц.

Српскиот медиум пишува дека Стевиќ се обидел да се извлече од давање оставка, но дека на крајот се согласил.