Српската пејачка ја разбранува европската јавност и предизвика скандал пред Евровизија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што тоа веќе стана правило, а не исклучок, кој претходни или следи на секое ново издание на Евровизија, така и оваа година изби своевиден скандал поврзан со овој музички настан, чиј епицентар е нашата комшиска Србија.

Српската пејачка Ана Миленковиќ на овогодинешното издание на „Беовизија“ се натпреварува со песната „Тајна“, меѓутоа околу истата нумера избувба вистински скандал кога евровизиските обожаватели започнаа во голем број да коментираат дека песната содржи мелодија од еден цртан филм.

Евровизиските фанови во голем број коментираат дека ја препознале темата од цртаниот филм „Х-Мen“ во песната „Тајна“, за која Ана Миленковиќ ќе се обиде да добие пласман во Евровизија, која ќе се одржи во мај во Холандија, пишува српски „Курир“.

Поради тоа, многумина напаѓаат и негативно коментираат на социјалните мрежи.

Пред само неколку дена, „Бевизија“ ја потресе уште еден скандал. Имено, Автономниот женски центар реагираше поради песната „Свадба голема“, која ја изведуваат Бора Дугиќ и Балкубано, а во своето соопштение навеле дека споменатата нумера повикува на насилство врз жените.

РТС веднаш реагирал и соопштил дека текстот на песната е изменет, и дека песната ќе остане во натпреварувањето.