Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На автопатот Шид-Шимановци полицијата почна со мерење на просечната брзина на возилата. На наплатната рампа Шимановци за два и пол часа казнети се 24 возачи, а од нив 21 не се државјани на Србија.
Заменик-началникот на сообраќајната полиција Бобан Милинковиќ вели дека со мерењето на просечната брзина со која се движеле возилата почнато е уште од понеделникот и дека ќе бидат обработени податоците од системот и дополнително ќе бидат казнети возачите што ја пречекориле дозволената брзината на движење.
Како што вели, од 24 казнети возачи само тројца се државјани на Србија, а 21 се странци и од нив тројца по скратена постапка се процесирани пред надлежен прекршочен суд, додека другите ја платиле казната.
„Главно се работи за пречекорување на брзината до 40 километри на час од дозволената брзина“, наведува Милинковиќ. Тој додава дека тројца од оние што ја пречекориле брзината возеле со брзина поголема од 160 километри на час.
Од полицијата додаваат дека до крајот на годината би требало на сите автопатишта во Србија да профункционира системот за контрола и казнување на возачите врз основа на мерење на просечната брзина.