Спорт

Среќниот гол на Коста и ВАР на Шпанија и обезбедија минимална победа против Иран (видео)

И третиот натпревар во денешната мундијалска програма заврши со победа на фаворитот од 1:0. Шпанија минимално го победи Иран.

Иран загуби против Шпанија, но не разочара. Шпанците имаа огромни проблеми да го разбијат бункерот на Иранците.

Шпанија во натпреварот влезе како голем фаворит, но на теренот тоа не изгледаше така. Иран очекувано играше бункер не излегуваше многу од својот шеснаесетник, но во одбраната беа одлични.

Шпанија кружеше се обидуваше, но не успеваа, се до 54 минута од средбата, кога стигнаа до погодок и тоа со голема доза на среќа.

После едно нафрлување, дефанзивецот на Иран се обиде да расичисти, но топката го погоди Диего Коста и заврши во нивната мрежа.

Десетина минути подоцна Иран успеа да стигне до погодок, дури и се израдуваа, но после сигнализацијата од ВАР главниот судија на натпреварот оправдано го поништи погодокот.

Иран и покрај овој пораз останува со некакви шанси за чудо и пласман во нокаут фазата имаат три бода, но за тоа ќе им биде потребна победа против Португалија во последното коло, натпревар во кој повторно влегуваат како атусајдери, додека Шпанија ќе се сретне со Мароко.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top