Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола минатата сезона на повеќето натпревари носеше сива, плетена јакна со која ја освои тројната круна во Англија.
Гвардиола после триумфот во финалеро од ФА Купот, последен меч во сезоната, изјави дека ќе ја подари својата среќна јакна во добротворни цели.
Од Манчестер Сити потврдија дека јакната ја купил нивни навивач од САД, Џејмс Ходге за 6.000 фунти. Парите кои биле собрани на аукцијата ќе бидат искористени за сиромашите семејства во Манчестер.
„Воодушевен сум што се собрани толку многу пари за добротворни цели. Исто така фантастично е да им дадете на навивачите нешто што ни помогна во неверојатните успеси минатата сезона“, истакна Гвардиола.
Pep Guardiola's iconic cardigan sells for a staggering £6,000 https://t.co/xPoomxX3rH
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) June 18, 2019