Home Вебкафе Среќа во животот на момчето кое беше принудено да учи под улични светилки

Среќа во животот на момчето кое беше принудено да учи под улични светилки

Откако светот беше потресен и трогнат од тажната судбина на 11-годишниот Перуанец Виктор Мартин Ангуло Кордоба, кој поради неплатени сметки за струја и немање средства на неговите родители да ги подмират тие долгови во домот, беше принуден да учи и пишува домашни навечер под улично осветлување, на улица, во нивниот живот пристигна знак на светлина и среќа.

Приказната за малото момче од Перу која ја пренесоа сите светски медиуми, допре и до 31-годишниот бизнисмен и филантроп од Бахреин, Јагуб Јусуф Ахмед Мубарак. Откако ја слушнал приказната Мубарак решил да замине во Перу и да му помогне на момчето.

Мубарак ја надградил и куќата во која живеел Виктор и сега има два ката. На мајката на Виктор и помогнал да отвори сопствен бизнис , а локалните власти ги поттикнал финансиски да го уредат училиштето.

Милионерот открил дека и самиот потекнува од бедно семејство , па затоа се надева на светла иднина за Виктор.

Мајката на Виктор уште е во шок и не може да сфати како за нивната сиромаштија дознал некој од арапска земја и од друг континент. Потегот на Мубарак, пак, наиде на големи пофалби и верба дека сепак има добрина кај луѓето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…