Видео

Среќа во несреќа на Олимпијадата: Бордерот Шајрер си го скрши вратот (видео)

Губејќи контрола над даската во еден од своите скокови во рамки на сноуборд крос натпреварувањето на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, Австриецот Маркус Шајрер преживеа кошмарен пад во четвртфиналето на сноуборд крос.

Тој изгуби контрола по еден од последните скокови во својата 1/4-финална серија и приземји на грб, но сепак успеа да ја заврши трката.

Прегледите потоа покажале дека има скршена петтиот вратен пршлен, но тој ги движи своите екстремитети и нема да има посериозни пречки.

30-годишниот спортист ќе биде пренесен во Австрија, каде ќе помине посериозни прегледи.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top