Средби на Пендаровски со јапонската амбасадорка и холандскиот амбасадор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше официјални средби со јапонската амбасадорка Кеико Хенеда и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп, кои се официјални дипломати на своите земји во Македонија, пренесува Макфакс.

Двајцата први дипломати му упатија честитки на Пендаровски за стапувањето на функцијата, му посакаа успешна работа и изразија уверување за унапредување на односите на Македонија со нивните држави во периодот што претстои.

На средбата со амбасадорката Кеико Ханеда, претседателот Пендаровски го истакна значењето на Јапонија за стабилноста, просперитетот и развојот на Република Северна Македонија и на поширокиот регион. Како земја која е докажан пријател на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно продлабочување на односите меѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, особено на економски план.

На средбата со холандскиот амбасадор Пломп, претседателот Пендаровски ја истакна значајната улога што Кралството Холандија ја има преку директно помагање на процесите на европска трансформација на Република Северна Македонија. Двајцата соговорници оценија дека меѓу двете земји постои континуирана и тесна соработка во повеќе области од заемен интерес, што е во полза на граѓаните на двете држави.